Исповед на машка спонсоруша: Месечно заработувам и преку 2.000 евра и живеам како цар! Сепак ова не го правам

Исповед на машка спонсоруша: Месечно заработувам и преку 2.000 евра и живеам како цар! Сепак ова не го правам
Исповед на машка спонсоруша: Месечно заработувам и преку 2.000 евра и живеам како цар! Сепак ова не го правам

Дека и помеѓу мажите има спонсоруши и тоа многу добро платени, потврдува и случајот на дваесетиседумгодишниот Едвард Оливер од Лондон кој е во врска со педесетишестгодишен маж кој за него финансиски се грижи.

Благодарение на спонсорот, Едвард носи гардероба од скапи дизајнери, спие во хотели со пет ѕвезди и троши 2.600 евра месечно.

Едвард е во врска со својот спонсор повеќе од две години, а освен раскошниот живот, неговиот великодушен маж му плаќа и станарина секој месец, а го отплатил и неговиот студентски кредит. Тие најпрво биле пријатели кои се запознале преку една интернет страница, а потоа се одлучиле да склопат финансиски договор, пренесува Дејли Мејл.

Едвард и порано имал великодушни партнери.

-Ова ми е најдолгата врска со спонсорот. Се гледавме еднаш неделно, но откако е слободен, се гледаме и почесто. Мислам на почетокот го сакаше само она, но кога подобро се запознавме, љубовта стана платонска. Невработен сум, па на оваа врска гледам како на своја работа. Повремено му помагам и во неговата работа околу недвижнините. Некогаш е навистина стресно да се трудите да тој константно биде среќен. За возврат ми плаќа станарина, ми дава 2.600 евра џепарац и плаќа одмори кои траат и по месец дена во хотели ширум светот – ја опиша својата врска младиот Едвард Оливер.

Вели дека за неговата врска со постариот господин, ниту пријателите, ниту семејството не знаат ништо. Пријателите мислат дека луксузните работи и предметите се од неговото семејство, кое е прилично богато.

-Луѓето многу брзо започнуваат со осудување, а мене ова ми е како работа, бидејќи извршувам одредена услуга за пари и добро сум платен. Одлучив да имам ваква врска бидејќи во поранешните врски секогаш јас бев тој кој се грижи за некој. Убаво е за промена да се грижат за мене. Јас сум би, па ми пријдуваат и жени и тоа со желба да ме спонсорираат, но нив ги одбивам бидејќи мојата мајка е самохрана и таа идеја едноставно не ми се допаѓа – заклучил тој.