Мајката на детето кое за малку ќе се задушеше предупредува: Овој предмет од супермаркет може да биде смртоносен

Мајката на детето кое за малку ќе се задушеше предупредува: Овој предмет од супермаркет може да биде смртоносен

– Не ни забележав кога мојата помлада ќерка, која е се уште бебе зема да си игра со него – рекла шокираната мајка

Како дел од страница на социјалната мрежа Инстаграм, која се занимава со здравјето и безбедноста на децата, мајка од Мелбурн ги предупреди другите родители за потенцијална смртоносна опасност од жетон-паричка за количка во супермаркет.

Имено, нејзината ќерка Бријана си играла во кујната, кога одеднаш започнала да вреска, а потоа и да повраќа. Девојчето си играло со количката од супермаркет. Железната паричка која била прикачена на клучевите, се откачила, паднала и поради нејзината форма и големина, лесно може да заглави во дишните патишта на децата.

Рендгенот во амбулантата ја покажал причината за задушувањето кај Бријана, па лекарите го извадиле жетонот по мала интервенција, а бебето сега е, за среќа, добро.

– Само што ја видов снимката, знаев дека тоа е жетонот. Најлошо од сè е што ѝ реков на мојата постара ќерка претходниот ден да го фрли, бидејќи видов дека тој паднал и дека си игра со него. А не ни забележав дека тогаш малата Бријана земала да си игра со него – рекла шокираната мајка.
Медицинската сестра Ники, која стои зад профилот на Инстаграм каде се споделува приказната, рече дека и овој пат потсетува на опасностите и спречување на несреќи.

– Превенцијата од задушување е многу важна. Бидете претпазливи кога станува збор за деца и предмети што можат да ги задушат – напишала таа.

Патем, во Австралија во 2020 година дури 11 проценти од починатите деца на возраст под 8 години починале како резултат на задушување. Во истата земја годишно умираат 80 луѓе како резултат на задушување.

Најчести предмети, смртоносни за децата:

– храна како грозје или мини чоколадни јајца

– парички/жетони

– кликери

– батерии

– капачиња од шишиња

– коцки

– балони

– капаче од пенкало

Предупредувања што се појавија во овој пост отворија дискусија, па многумина коментираа дека најмногу се плашат од грозје.

– Моите деца имаат пет години, а јас сè уште им го сечкам грозјето – напиша една мајка, додека друга додаде дека и мини чоколадни јајца се многу опасни.

Патем, на почетокот на оваа година, Ники ги предупреди сите родители за опасноста од гушење со мини чоколадни јајца. Таа ги советуваше за децата да купуваат поголеми чоколадни јајца, кои можат да бидат поделени на помали парчиња.

– Дури 85 проценти од смртните случаи предизвикани од задушување на храна биле предизвикани за време на Велигден. Сакам да го имате тоа на ум – напиша тогаш медицинската сестра.

– Задушувањето се случува тивко и брзо, а брзото реагирање е прашање на живот или смрт – нагласува Ники.

извор:telegraf.rs, zenskimagazin.mk