Ова е многу лошо, рече докторот. Партнерот ме молеше да абортирам, рече дека е сурово кон бебето да го родам: Шест години подоцна, ова сме ние

Ова е многу лошо, рече докторот. Партнерот ме молеше да абортирам, рече дека е сурово кон бебето да го родам: Шест години подоцна, ова сме ние

Тешко е да дознаете дека сте бремени на 18 години. Бев толку млада, неискусна, наивна. Сепак, јас би го протуркала тоа, многумина го поминаа истото. Во четвртиот месец од бременоста, се соочив со многу поголем проблем…

„Отсекогаш сум сонувала за моето семејство. Меѓутоа, не на 18 години. Кога видов позитивен тест, прво ме обзеде среќата, а потоа и свеста за тоа во каква врска сум – насилна, тешка и несреќна, полна со измама и психолошко и физичко насилство. Можеби ова бебе ќе го натера навистина да ме сака и да ми биде верен. На крајот, тој не може да ме удри кога сум бремена”, си помислив. „Колку само бев наивна “, така Кети Видон ја започнува својата приказна.

Тој и ветил дека ќе биде таму со неа, а потоа исчезнал некаде во третиот месец.

– Повремено се појавуваше и исчезнуваше, но сè повеќе бев свесна дека ќе бидам самохрана мајка. Откако влегов во четвртиот месец, ми рекоа дека бебето што го носев нема да има раце и нозе. Тоа беше обичен преглед, ништо не сугерираше проблеми. Сепак, тогаш лекарот рече „Ова изгледа многу, многу лошо“. Тој ги замоли сестра ми и момчето да излезат. Тогаш тој ми рече дека моето бебе нема раце и нозе. Нема ни да ги има. Дечко ми ме молеше и ме проколнуваше да абортирам. „Би било многу сурово да се донесе такво бебе на свет. Па, тоа ќе биде чудовиште. Особено не смееш да го родиш ако е момче. Тоа дете никогаш нема да биде како мене“, ми рече тој.

Ме убеди да се видам со специјалист, по да одиме на абортус. Ден претходно, го поминав целиот ден држејќи ја раката на стомакот и се молев бебето некако да застанало незгодно, така што не му се виделе рацете и нозете. Следниот ден отидовме кај специјалистот – ме придружуваа момчето, тато, маќеата, мајката и бабата на момчето. Тоа беше единствената разумна одлука – дека бебето нема раце и нозе, ќе има многу повеќе нарушувања додека се развива. Го направив тој преглед и излегов од канцеларијата. Момчето прочита сè од мојот израз. „Момче е, нели?“, Праша тој. Јас потврдив. Закажавме абортус за следниот четврток.

Во деновите што следеа, имала многу двоумења и многу солзи.

– Што мислиш, ќе те сака некој некогаш, самохрана мајка со деформирано бебе? Се запрашав охрабрувајќи се. Имав и моја одговорност кон тоа бебе, кое ќе страда цел живот.

Само мајка ми ме слушаше без никаков совет. Само на неа се осмелив да и кажам дека сакам да го задржам бебето. Дечкото ме молеше да абортирам за да можеме да продолжиме да бидеме во врска, во спротивно тој ми рече дека ќе ме напушти.

Сепак, одлуката беше донесена – во 24-та недела од бременоста, се преселив во Тексас со моето семејство да бидам со мајка ми која ќе ни помогне околу бебето. Ќе го родам.

Дојде и раѓањето – долго и комплицирано, и анестезијата не работеше добро. Чувствував сè. Но, затоа почувствував кога се роди моето момче Камден. Веднаш го однесоа на одделот за интензивна нега, го видов само за момент. А, тој момент беше доволен за да знам дека донесов правилна одлука.

Поминаа скоро шест години. Поминаа многу тешки и убави моменти. Тој направи некои работи за кои бев убедена дека никогаш нема да може да ги направи. Некои работи што тој сè уште не може. Некои работи никогаш нема да може да ги направи. Две и пол години по неговото раѓање, ние сме благословени што сретнавме човек што нè сака и двајцата со целото свое срце, вака несовршени. Тој нè чува, не разгалува и нè прави подобри.

Камден радикално го промени мојот живот. Јас сум силна поради него. Поради него, јас можам се‘. Поради него, јас сум понежна, но и погруба кога е потребно. И знам, како што отсекогаш знаев, тој не е грешка.

Фото: Инстаграм/katiewhiddon

Извор: zenskimagazin.mk