Четири правила за брзо губење на тежината

Заборавете на широка облека за неколку килограми плус. Со овие четири правила повторно ќе можете да ги носите своите омилени фустани и панталони.

* Во вечерните часови јадете помалку. Метаболизмот се забавува во текот на ноќта па затоа е препорачливо вечерата да  содржи 2/3 од дневните калории. Би било одлично вечерата да се изостави но доколку неможете тогаш изедете нешто лесно.

* Вежбајте со тегови. Истражувањата покажаа дека жените кои вежбаат со тегови од два килограми два пати неделно по еден час тие губат 15% повеќе масти околу стомакот од оние кои невежбаат. Исто така се намалува нивната тежина за 4 %.

* Користете зачини, а не сол. Ќе се чувствувате помалку подуени. Истражувањата покажаа дека употребата на сол треба да се намали во своите оброци. Ако не ви се допаѓа солена храна, поиграјте си со зачините.

* Добриот сон го намалува апетитот. Да , добро слушнавте. Истражувачите заклучиле дека оние кои спијат ноќе само четири часа имаат зголемен апетит во текот на денот за 23%. Затоа, обидете се да спиете ноќе најмалку седум часа.