Каранфилче – добар ароматик и совршен лек

karanfilce

Лековитото влијание го постигнува само вистинската билка Каранфилче, притоа ставено во вода, тоа ослободува јак, остар и пријатен мирис…

Употреба

Ова е еден вид на зачинска билка, на латински позната под името Syzygium aromaticum, која во нашата земја главно е поврзана со ритуалот при создавање на виното. Малкумина знаат дека поради карактеристичната арома на каранфилчето, претставува совршен додаток во многу јадења, колачи и пијалоци. Пред се’, припаѓа во слатките зачини и поради тоа се додава во слатките јадења. меѓутоа, со него посебен вкус добиваат и свинското печено месо, печено месо од дивеч, одреден вид на колбаси, салами, како и супи.

Потекло

Татковината на овие тропски билки е Индонезија, која и ден денес е нејзин најголем потрошувач, со половина од целокупното производство во светот. Во нашите простори пристигнуваат во сува состојба и со нерасцветани пупки.

Карактеристики

Лесен е начинот да се тестира оригиналноста на оваа билка, доволно е само да се остави во вода. Ако падне на дното, и започнува да ослободува интензивен, остар и пријатен мирис, поради 12% присутното ароматично масло, тогаш се работи за вистинска билка. Ако не потоне и ослободува само нежен мирис, покажува дека се работи за одлично направена копија од естраховано етерично масло.

Лековити способности
Ова е важно да се знае и поради лековитото влијание на каранфилчето, доколку, не е оригиналната билка не може да се постигне посакуваниот ефект. За каранфилчето е потврдено дека го поттикнува апетитот и варењето на храната, делува како антисептик, ги остранува штетните материи од слузокожата и го зајакнува црниот дроб. Докажано е дека терпентинските состојки на етеричното масло, кое го има во мали количини, се најзаслужни за антибактериското влијание врз голем број бактериски видови. Етеричното масло на каранфичето делува и на многу видови габи.

Секојдневна употреба
Доколку се грицка, тогаш претставува добар ароматик за отстранување на лошиот мирис во устата, но и како антисептик за спречување на кариесот. Делува и како локална анестезија која во моментот ја запира забоболката. Во исто време ја подобрува и циркулацијата на крвта во непцата, правејќи ги посилни и поздрави.

Од медицински аспект

Во медицината за овој зачин се смета дека ја подобрува циркулацијата, варењето и метаболизмот. Ги победува стомачните болки како што се гасовите, надуеноста и гадењето.