Ставете ја едната рака на срце, а другата на стомак – вежба која ќе ги издиши вашите нозе и ќе го смири телото

Подигнете ги нозете на ѕид 10 минути дневно и резултатот ќе ве изненади. Оваа вежба многукратно е полезна за целиот организам.

Можеби ќе си помислите дека оваа вежба е необична, и зошто токму такво поставување на рацете врз срце и стомак, и зошто токму таква положба на нозете… Но, сè си има своја причина.

Оваа вежба е многу корисна за нашето здравје. Слична е на јогата чија цел е да воспостави врска помеѓу телото и духот, а исто така е корисна и за циркулација, особено во нозете.

КАКО СЕ ИЗВЕДУВА ВЕЖБАТА

-Легнете на грб, бутовите би требло да бидат 15-50 см оддалечени од ѕидот. Свиткајте ги нозете во колената и потпрете се со петите на ѕид. Доколку бутовите се наоѓаат под прав агол во однос на грбот, тогаш задникот ќе биде на исправно растојание од ѕидот.

-Исправете ги нозете и потпрете се на ѕидот со целата површина на стапалата. Не ги виткајте нозете во колена и опуштете ги.

-Ставете перница под главата (или грбот). Би требало да ви биде многу удобно. Затворете ги очите и дишете. Ставете една дланка на стомак, а другата на срце.

-Бидете свесни за своето дишење. Вдишувајте броејќи до 2, а издишете броејќи до 4. Задржете се во оваа положба 10 минути со затворени очи. Дишете и опуштете се.

Оваа вежба нè воведува во состојба на еден вид медитација иако за тоа не сме свесни. Ќе почувствуваме како нашето тело и ум потонуваат во мир и достигнуваат хармонија.

Со текот на времето, колку повеќе се практикува оваа вежба, толку повеќе ќе забележувате како од неа добивате сè поголеми благодети:

се намалуваат отоците на нозете
се отстранува синдромот на уморни нозе
се подобрува варењето
се релаксира нервниот систем
придонесува за психички мир